Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Од:

СВР Струмица му поднесе нова кривична пријава на поранешниот градоначалник на општина Василево, Ванчо Стојанов (51), како и против Г.Ц. (55) од село Доброшинци.

Според портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска, поранешниот градоначалник се сомничи дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а второпријавениот за „Поттикнување“.

– В.С. на 27 септември 2012 година на второпријавениот му издал решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект-куќа, за објект за кој не биле исполнети условите за легализација и утврдување правен статус согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Според полицијата, поранепниот градоначалник на општина Василево со тоа постапил спротивно на Законот со што му овозможил на второпријавениот, кој е вработен во Општина Василево, да се стекне со противправна имотна корист.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина