Парламентот на Каталонија усвои декларација за суверенитет

Од:

Новоизбраниот Парламент на шпанската област Каталонија усвои декларација за суверенитет, поставувајќи почеток на несигурен пат кон референдум за независност од Шпанија.

Незадолжителната и во голем степен симболична резолуција, во која се вели дека жителите на Каталонија имаат демократско право да го определат суверенитетот, беше усвоена во 135-члениот Парламент со 85 гласови „за“, „41“ против и двајца воздржани.

Двајца пратеници отсуствуваа, а петмина одбија да гласаат.

Декларацијата беше поднесена и поддржана од владејачката партија „Конвергенција и сојуз“ и левата сепаратистичка Републиканска левица.

Двете партии сакаат да организираат референдум за независност на Каталонија од Шпанија во 2014 година.

Владата на премиерот Маријано Рахој веќе соопшти дека ќе оспори на уставна основа секој обид за организирање референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата