Форд планира голема инвестиција во Романија

Од:

Раководството на автомобилската компанија Форд соопшти дека планира голема инвестиција во својата фабрика во јужниот романски град Крајова, ќе отвори уште 1.500 нови работни места и ќе произведува нов модел на автомобили.

Освен џипот ЕкоСпорт, кој во моментов се произведува во Крајова, компанијата ќе започне со производство на нов модел, но засега менаџментот на Форд не открива повеќе детали за тоа.

Се очекува Форд да инвестира уште 200 милиони евра во производството на новиот модел во Крајова. Така, вкупниот износ инвестиран во Романија од страна на компанијата во последните 10 години ќе достигне 1,5 милијарди евра.

Во врска со новите планови, Форд ќе вработи уште 1.500 лица. Во моментот, во фабриката на Форд во Крајова има 5900 вработени.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски