Тренерот на Дарушафака, Дејвид Блат, ги негираше информациите за наводни преговори со ЦСКА Москва. Претходно во медиумите имаше информации дека поранешниот руски селектор би можел да го замени Димитрис Итудис.
ЦСКА Москва викендот во Белград беше последна на Ф4 турнирот од Евролигата губејќи во полуфиналето од Реал, а во дуелот за третото место од Жалгирис.
– Сега е период кога се појавуваат шпекулации. Не преговарам ниту со ЦСКА ниту со некој друг клуб. Мислам на Дарушафака и работата во клубот, изјави Блат.
Со Дарушафака Блат го освои трофејот во Европскиот куп.