(ВИДЕО) Михајлова: Старите кадри во новата власт создаваат сомнежи за просперитет

Од:

Експертката за антикорупција и член на ДКСК од 2002 до 2006 година, Вања Михајлова, на денешната презентација на проектот „Граѓански организации и медиумите против корупцијата“ изјави дека голем број на кадри од претходната власт останале на висока функција и во оваа владина гарнитура што создава сомнежи за намерите на новата Влада за поголема професионалност на државната администрација.

– Кадровската политика на Владата беше и се уште е предмет на голема критика посебно на квалитетот на кадрите кои се поставуваат на високи позиции. Многу кадри од претходната власт се уште се наоѓаат на високо место во државната хиерархија, што создава демотивација и сомнежи за искреноста и намерите на новата влада дека ќе имаме професионализација на државната администрација, вели Михајлова.

Исто така Михајлова истакна дека за подигнатото ниво на критичност кон владата придонесуваат закочените реформи во правосудството, како и кадрите кои останале во Судскиот совет за кои, Михајлова смета дека се кочничари на овие реформи кои иако беа посочени како едни од приоритетите на новата влада, после една година се уште нема позначајни реформи во овој план. Покрај другото, Михајлова ја обвинува и опозицијата за слабиот напредок во реформите во правосудството поради несоработката која ја покажаа во Собранието на РМ.

– Во првите 3 месеци имавме и блокада на Собранието бидејќи тие реформи требаше да се донесат со двотретинско мнозинство, опозицијата беше отсутна така да за тој застој придонесува и нивната некохерентност и несоработка, рече Михајлова.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“