Пролетен базар на домашни ракотворби во црквата „Св.Спас“

Од:

Во црквата „Св. Спас“ на Кале денеска ќе биде отворен „Пролетен базар на домашни ракотворби 2018“ во организација на Град Скопје, Здружението на уметници ракотворци „Артикрафт“ и Конзерваторскиот центар Скопје.

Базарот ќе биде отворен во 10.30 и ќе трае до четврток до 18 часот. На едно место ќе бидат претставени дела на креативните раце на занаетчиите и ракотворците изработени од најразлични материјали, а ќе има и занаетчиски презентации со различни содржини.

Во рамки на базарот за утре е планирано да се формира мрежа на ракотворци на стари занаети на ниво на Македонија. Базарот ќе има и придружни активности, како модна ревија, музички и поетски настапи и занаетчиски работилници.

Би можело да ве интересира

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Горан Наумовски

Новогодишен базар во ГТЦ

Тридневен базар на ракотворби „Ехо на минатото, крик во сегашноста“

Ана Ололовска

Добротворен базар и концерт по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

Ана Ололовска

„Ајде да се дружиме” викендов во Марков манастир

Ана Ололовска

Базар на ракотворби и детска ликовна работилница претстојниот викенд во Марков манастир

Ана Ололовска