„После измамничките активности во Индија, Сахара Груп влезе во Бангладеш, воспоставувајќи бизнис релации со еден од членовите на “Специјалната Фамилија” во земјата. Субрата Рој веќе го посетил Бангладеш и побарал од владата закуп на слободно земјиште за изградба на сателитски град во Бангладеш…. Ова не е ништо друго освен уште една измама на озлогласениот Субрата Рој Сахара“.
Коментирајќи го инвестицискиот предлог на Субрата, директорот на водечката компанија за недвижнини во земјата изјави:
Субрата Рој Сахара не дојде во Бангладеш за да инвестира, туку да ограби јавни добра, давајќи им на луѓето лажна надеж дека ќе добијат парцели или станови. Тие се меѓународни рекет криминалци и измамници, кои веднаш мора да бидат спречени во мамењето невини луѓе.
Ова е дел од тектот на неделникот Weeklyblitz од јуни минатат година, каде се пишуваше за сомнителните активности на мултимилијардерот.
Напис за Субрата Рој, се појави и во Ројтрес, во кој се тврдеше дека овој мултимилијардер на 31 август од Врховниот суд во Индија добил пресуда од 270 страници според која мора да им врати 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони измамени грагани, кои им ги земал преку продажба на обврзници.
Но ваквите активности на Индиецот кој се гони за криминал, не ја загрижува владата. Телевизија Телма ја пренесе изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставрески според кого со тоа треба да се занимава индискиот правен систем, а не македонскиот.
Индиската инвестиција се планира, досега се е во ред, Се друго е правен систем и регулатива на Индија. Нас не` интересира тој да инвестира во тоа што ке се договориме, рече Ставрески.
Единствено загрижени се жителите на Љубаништа каде што е најавено Индиецот да гради казина и хотели, како и центри за забава. Тие за А1 коментираа дека никој од Владата не раговарал со нив за земјиштето кое е во приватна сопственост, а најавуваат дека сигурно ќе градат.
Не го обвинуваме инвеститорот, туку државата е таа која треба да ни каже што и како. Ако гледаме формално правно, државата е таа која земјоделското земјиште го претвора во градежно земјиште. Инвеститорот не го интересира ништо, сите имотно правни процедури ги решава државата, тој ќе дојде овде кога државата ќе му рече еве ти земјиште. Ние се плашиме дека нема да добиеме ниту еден денар за тоа земјиште кое ќе биде земено со експропријација. До овој момент нема никаква покана за средба, сите поединечно се интересираме, прашуваме, вели жител на Љубаништа за А1.
Жителите за А1 велат оти се надеваат дека деновиве ќе имаат барем блиц средба со министерот за финансии, Зоран Ставревски, а зошто да не и со Субрата Рој. Најавуваат дека се во тек активности за формирање координативно тело кое ќе работи на комуникација со владата и со надлежните министерства и институции преки кои ќе оди реализацијата на инвестицијата.
Треба да се седне на маса, и да се утврди барем некоја приближна цена до реалната. Кога го објавија законот за туристички развојни зони, објавија дека се работи за земјиште од јавен интерес. Но за каков јавен интерес станува збор ако се градат казина, хотели? Објекти од јавен интерес се училишта, болници, патишта. Населението е вознемирено затоа што не знаеме кој потег ќе го зафаќа проектот и дали ќе го зафаќа целото приватно земјиште и по која цена ќе го земат тоа земјиште, вели жител на Љубаништа.