„Со ДУП И17 не се уништуваат зелени површини. ВМРО-ДПМНЕ повторно пласира лажни информации, со цел да манипулира со јавноста. Со ДУП И17 ниту една парцела не се пренаменува од зеленило (Д1) во градежно земјиште, како што беше случајот со ДУП И10, кој беше насилно донесен од претходното раководство. Овој регион е веќе исполнет со стари и запуштени објекти, со намена за лесна и незагадувачка индустрија, според стариот генрален урбанистички план., се вели во реалцијата на Општина Аеродром.
Според нив, освен што се зачувуваат постоечките зелени површини, ДУПИ17 за секоја парцела има предвидено задолжително уредување со патеки, односно зеленило. Исто така е планирана изградба на неколку улици, што значи комплетно нова инфраструктурна мрежа за тој дел.
„ДУП И17 е прилагодување на стариот урбанистички план кон актуелниот генерален урбанистички план на Град Скопје. Со тоа се овозможува овој потег да се уреди и старите, запуштени објекти да се заменат со нови и модерни. Комерцијално – деловните објекти ќе привлечат и нови компании, што ќе придонесе за развој на општината, а овој регион конечно ќе добие изглед што наликува на современа населба“, се додава во реакцијата.
Општина Аеродром ги повикува ВМРО-ДПМНЕ да престанат да изнесуваат паушални информации и да се зафатат со конструктивна работа. Актуелното раководство на Општина Аеродром има јасно поставени приоритети – да создаде развојна општина, со баланс меѓу зеленото и урбаното и услови за квалитетен живот за сите граѓани.