(ВИДЕО) Јовески: Бродот ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ почна да тоне со законот за бранители

Од:

Во „Сојузот за иднината“, се вистинските патриоти , затоа ги повикувам членовите на ВМРО-ДПМНЕ, со кои соработувавме до 2004 година да пристапат во овој сојуз, рече вечерва пред прилепчани, Живко Јовески од ВМРО-НПП

Ние, рече сакаме слобода и иднина за сите.

Се фалат со социјална програма и зголемување на вработеноста, но не кажуваат колкава е таа бројка.Се фалат дека изградиле, но изградија само тротоари, нишалки, а нема ни една инвестиција во Прилеп. Економската зона во Алинци се празни. Прилепчани дојдоа на питачки стап, рече Јовески.

Бродот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ почна да тоне со Законот за бранители, ВМРО-ДПМНЕ не сака носење на закон за бранители. Тоа им беше само маркетинг. Владата потона на 24. декември кога ги исфрли брутално новинарите и пратениците. Да живее Прилеп, градот на новите херои, рече Јовески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите