Чешка ќе ги блокира евроинтеграциите на Албанија

Од:

Чешкиот премиер Петр Нечас денеска упати остар протест до официјална Тирана заради одземањето на лиценцата на чешката енергетска компанија ЧЕЗ, која досега ја вршеше дистрибуцијата на електрична енергија низ Албанија.

Нечас се закани дека Чешка ќе се спротивстави на интеграцијата на Албанија во Европската унија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на албански медиуми.

Чешката компанија заради одземањето на лиценцата за работа во Албанија може да пртрпи загуби од 200 милиони евра, а од тие причини од таму се најавува и можноста случајот да заврши пред меѓународните судови.

Албанското регулаторно тело за енергетика деновиве и ја одзеде лиценцата на познатата чешка енергетска компанија, со образложението дека „не го почитува договорот со Владата на Албанија“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски