Уште еден автобус на гас ќе се вклучи во јавниот сообраќај

Од:

ЈСП-Скопје денеска потпиша договор со компанијата МАН Импортер Македонија, ексклузивен увозник на МАН за македонскиот пазар, за пробно користење автобус од типот Lion`s City A21 кој користи природен компримиран гас т.н. CNG. Договорот го потпишаа директорите на ЈСП Скопје и на МАН Импортер Македонија Кристијан Чушков и Ивица Вилјац.

Новиот автобус во сообраќај ќе биде пуштен од утре и ќе сообраќа на линијата со број 5. Има капацитет за превоз на 85 патници.

– Новиот автобус е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија, ги задоволува стандардите за емисија на Euro 6. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество на гас. Овој тип на автобус во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ и е прогласен за еко автобус за 2016 година во Европа. Град Скопје веќе се вброи во редот европски метрополи кои користат еко автобуси, изјави Чушков по потпишувањето на договорот.

Чушков објасни дека пробниот период во кој сообраќаат автобусите ќе се искористи Град Скопје и ЈСП Скопје да ги увидат предностите на еко автобусите, а добиеното искуство понатаму ќе се искористи во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз.

Директорот Вилјац информира дека овој автобус е осма генерација CNG МАН автобус кој е произведен благодарение на 75 години искуство на компанијата во производство на автобуси на природен компримиран гас.

– Автобусот кој ви го отстапуваме на користење може да се пофали со незначително испуштање на CO2, NOx плинови и ПM честички. Користењето ваков автобус во јавниот превоз гарантира почист град, рече Вилјац, кој посочи дека МАН е првата фабрика која произвела автобус на гас во 1943 година.

Град Скопје во буџетот за годинава предвиде субвенции за набавка на еко-автобуси во висина од 100 милиони денари, а за приватните превозници во висина од 20 милиони денари. Во Скопје веќе возат два еко автобуси на гас, на линијата број 5 и линија број 2. На почетокот на овој месец, пак, во јавниот превоз се вклучи и електричен автобус кој вози на линијата со број 15.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски