Албанската фудбалска ѕвезда во САД, Гуралеци, ненајдено починал на терен

Од:

Најпознатиот Албанец во американскикот фудбал, 22-годишниот Серџо Гуралеци во понеделникот ненадејно починал на тренинг со фудалерите на неговиот клуб „Стерлинг Хајтс Стивенсон”, јави дописникот на МИА од Тирана.

Младиот и надежен Гуралеци наеднаш се струполил, а напорите на неговите колеги и лекарот кој веднаш пристигнал да го вратат во живот, биле попусти.

– Неговата смрт беше неочекувана и неговата загуба претставува огромна загуба за амриканскиот фудбал во целина. Гуралеци го живееше неговиот американски сон, кого го замислуваше со големи успеси, а неговото постојано насмеано лице засекогаш ќе остане во моето сеќавање, изјави капитенот Стив Горалски.

Според неговата желба, како што претходно кажувал, пред другарите и роднините, ќе биде погребан, во Албанија.

Неговиот матичен клуб, како што пренесува весникот „Шекули“ отворил жиро сметка за да се соберат пари за исполнување на неговата последна желба, да почива во Албанија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија