Џина Хаспел е првата жена директор на ЦИА

Од:

Џина Хаспел ќе стане прва жена директор на ЦИА откако американскиот Сенат го потврди нејзиниот избор на чело на Агенцијата.

Со ова заврши бурната дискусија околу нејзината номинација која се водеше поради нејзината поврзаност со техниката за симулација на давење и други брутални техники за испрашување затвореници, кои ЦИА ги користела во минатото.

Хаспел е 33-годишен ветеран на агенцијата, а во моментов ја извршува функцијата вршител на должност директор на ЦИА.

За изборот на Хаспел гласале 51 сенатор во телото каде е потребно просто мнозинство за да биде потврдена нејзината номинација. Вкупно 43 членови на Сенатот биле против.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел