Културата и уметноста се моќен поттикнувач на граѓански активизам и општествени промени

Од:

Дали заробените институции и украдените јавни простори се доволен поттик за да се создаде креативен отпор и протест? Кои се границите на соработка на независниот културен граѓански сектор со власта и дали при таквите соработки постои опасност од губење на критичноста? Ова се мал дел од прашањата на кои културни работници, граѓански активисти и експерти се обидоа да дадат одговор и свое видување на првиот ден од конференцијата „Неискористената моќ на уметноста и културата за општествени промени“.

Конференцијата, која почна вчера (16 мај) и се одржува и денеска, на едно место ги собра луѓето кои активно работат на полето на културата, но и оние кои преку културниот активизам се борат да внесат промени во општеството. Тие дискутираа за можностите на културните и уметничките активности да влијаат врз општествените текови и случувања, да поттикнат граѓански акции и да бидат критичари на власта кога тоа е неопходно. Дел од учесниците се осврнаа на формите преку кои уметниците и активистите може да се спротивстават на комерцијализацијата и обезвреднувањето на социо-културните и уметничките практики. Оваа конференција ја организира Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамките на програмата за одбележување на 25-годишнината од почетокот со работа на Фондацијата во земјава.

Зборувајќи за уметничкиот активизам денес и за тоа како креативноста може да влијае на моќта, членката на управниот одбор на ФООМ и активистка Мерита Максути, истакна дека ФООМ во изминатите 25 години одигра исклучително важна улога во промовирање и поттикнување на општествената одговорност работејќи на фронтот на културата, човековите права и социјалните промени, како фундамент за функционално општество.

– Ние пред извесно време излеговме од еден период каде гласот на креативниот отпор, реакција или протест беше потиснат, а просторот за делување екстремно намален. Ние сите носиме општествена одговорност и секој од нас има различен капацитет за конфронтација со неправдите и тоа што треба да се промени во општеството, а особено ќе ставам акцент на уметниците, активистите и креативната маса на општеството. Искрено се надевам дека нашиот капацитет нема да се намали само со промената која настана во нашето општество – рече Максути.

На истата тема со Максути своите видувања ги изложија и Никола Гелевски од издавачката куќа „Темплум“; Славчо Димитров од коалицијата „Маргини“; претставничките на активистичката група „Хавеит“ од Приштина, Хана Квена и Алкета Силај и Бесфорт Идризи од Детскиот театарски центар во Скопје.

За уметничкиот активизам говореа и Стив Ламбер, концептуален уметник и придружен професор за нови медиуми од САД; професорот Небојша Вилиќ од Факултетот за драмски уметности во Скопје; Оливер Реслер, уметник и филмски работник од Австрија и уметницата Христина Ивановска.

Конференцијата продолжува денеска со две работилници. Едната е на активистичката група „Хавеит“ од Косово, а другата со концептуалниот уметник Стив Ламберт од САД.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија