Македонската филхармонија вечер ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“ на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг.
Фенг настапи и минатата година, а овојпат се враќа на сцената со изведба на делото за виолина „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.
Концертот ќе се одржи под диригентство на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.