Во Гевгелија почнува одбележувањето на празникот Спасовден

Од:

Во општина Гевгелија вечер ќе почне одбележување на верскиот празник Христово вознесение-Спасовден, кој е и заштитник, патрон на градот.

Традиционално вечер ќе одекнат камбаните во црквата „Свети Спас“, која под својот покрив ќе ги собере верниците кои ќе преспијат во храмот за здравје, среќа и бериќет. Наместо курбанот, кој се давал порано, верниците пред да заспијат ќе јадат црковно гравче.

За граѓаните и за гостите поставени се тезги пред црквата, на кои се продава текстил, играчки, храна… Традиционално во Гевгелија за празникот вечер и утре ќе има панаѓур.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно