А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општините Гевгелија и Пеонија ќе ја продолжат прекуграничната соработка

by А1он16/05/2018 - 15:49171
Share0

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, денеска оствари работна средба со својот колега од грчката општина Пеонија, Христос Гунденудис со кого разговараа за досегашната заедничка соработка, како и можната идна соработка на различни полиња меѓу овие две погранични општини.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот Поцков нагласи дека со колегата Гунденудис разговарале пред се за текот на реализацијата на заедничкиот проект АКВА 2 кој е финансиран со 518.000 евра од европските фондови, со кој општина Гевгелија ќе го регулира коритото на Сува Река.

– Конкретно преку вакви средби даваме пример на добрососедска соработка и ја потврдуваме нашата определба на нашиот пограничен регион да му дадеме значење на „еколошки регион“ истакна Поцков.

Градоначалникот на Пеонија истакна дека со својот колега извршиле размена на искуства и се договориле како да тече натамошната соработка.

– Сакаме да соработуваме не само преку европските фондови, туку и да се вложиме во развојот на секојдневните комуникации на граѓаните од двете општини. Сакаме нашите општини да одат напред, да соработуваме на сите полиња и да придонесеме за подобар живот на нашите граѓани, рече Гунденудис кој изрази и голема благодарност за топлото гостопримство во Гевгелија.

gevgelija

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 09:5118/02/2026 - 13:49

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Горан Наумовски02/01/2026 - 12:15

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он11/12/2025 - 16:18

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

Горан Наумовски25/09/2025 - 16:25

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:12

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:1425/09/2025 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен