Меморандум за соработка меѓу Царината и Регионалниот центар за животна средина

Од:

Царинската управа денеска потпиша Меморандуми за соработка со Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа – Канцеларија во Македонија (REC COM).

Целта, како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, на овој Меморандум е да се воспостави соработка помеѓу Царинската управа на Република Македонија и REC COM кон развивање методологија за пресметување данок на возилата, која ќе се користи при изработката на Предлог Законот за оданочување на возила.

Методологијата треба да ги земе предвид најдобрите практики на земјите членки на ЕУ, усогласена со условите на македонскиот пазар на патнички автомобили, локалните еколошки и климатски услови, како и со куповната моќ на граѓаните.

Новиот Предлог Закон за оданочување на возилата треба да донесе многу придобивки. Имено, треба да го намали и обесхрабри купувањето на возила кои не се енергетски ефикасни и кои ја загадуваат животната средина, без притоа да се загрози добро состојбата на граѓаните од социјален и економски аспект. Ова треба да придонесе на зголемување на уделот на возила кои се енергетски ефикасни и кои нема да придонесуваат кон зголемено загадување на животната средина.

– Приходот од данокот на возила, во споредба со приходите остварени од наплатата на сегашната акциза од патничките автомобили треба да остане во истите рамки, но ќе овозможи граѓаните кои имаат мала куповна моќ да купуваат возила со подобри еколошки и повисоки стандарди за енергетска ефикасност, и со намалени трошоци за гориво и одржување, појаснуваат од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он