Откриена уште една мистерија околу Дневникот на Ана Франк

Од:

Користејќи дигитални техники за обработка на фотографии, стручни лица прочитаа две страници од познатиот Дневник на Ана Франк, кои девојката ги прекрила со кафеава заштитна хартија.

На тие страници, 13 годишната Ана, Еврејка која за време на Втората светска војна се криела во Амстердам пред да биде откриена од нацистичките војници и депортирана во логор, запишувала непристојни шеги и објаснувања за сексот и проституцијата. Ана Франк и нејзиното семејство повеќе од две години се криеле од нацистите, во тајна просторија во куќа во Амстердам. На крај тие биле откриени и испратени во концентрациони логори. Ана и нејзината сестра биле убиени во логорот Берген Белзен. Нејзиниот дневник е едно од најзначајните историски сведоштва за Холокаустот врз Евреите во Европа.

Фондацијата на Ана Франк, која го објави откритието, наведува дека новооткриените страници содржат интимни детали за младата девојка и нејзината интерес за сексуалноста. Директорот на музејот „Ана Франк“, Роналд Леополд изјави дека таа, како и секоја адолесцентка, била љубопитна околу сексуалноста, додавајќи дека и на други места во Дневникот е пишувано за тоа.

Би можело да ве интересира

Ана Франк најверојатно била предадена од еврејски нотар

Ана Ололовска

Изложба „Ана Франк – историја за денес“ во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип

Наум Локоски

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка

Наум Локоски

Отворена изложба „Ана Франк – лекции за денес“

Наум Локоски

Во Холандија пронајдени играчки на Ана Франк

Ана Ололовска