Отворена изложба „Ана Франк – лекции за денес“

Од:

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на холокаустот, денеска во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес беше отворена изложба на документи и фотографии „Ана Франк – лекции за денес“, која ќе може да се посети до 3 февруари.

Димитар Низамовски од Младинскиот образовен форум информираше дека на изложбата се постевени 39 панели, од кои 32 се за животот на еврејското девојче Ана Франк за време на војната, а седум се за животот на Евреите во Македонија.

– На овој начин сакам да ги запознаеме младите со дискриминацијата, расизмот, антисемитизмот и борбата со предрасудите и стереотипите и тоа дека не треба да судат за некого според потеклото, изгледот или која било друга основа, истакна Низамовски.

Материјалите поставени на изложбата се креирани од фондацијата „Ана Франк“ од Холандија, а за Евреите во Македонија автори се историчарите Мишо Догмановиќ и Бесник Емини. Покрај во Македонија, проектот ќе биде претставен и во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ