Пикап камионетот Форд кој беше сопственост на поранешниот американски претседател, Џорџ Буш помладиот, продаден е на аукција за 300 илјади долари, а средствата се наменети за добротворни цели.
Kамионетот Ford F-150 King Ranch 4 X 4 SuperCrew користен е на неговиот ранч во Тексас каде што живееше и го користеше по престанувањето на мандатот во 2009 година.
Аукцијата е направена во Ариозна,а името на купувачот не е соопоштено јавно.
Десното заштитно воздушно перниче има автограм на поранешниот претседател на САД, а купувачот добил и ДВД каде гледа како Буш се потпишува на камионетот, како и снимка на како тој го вози Фордот по ранчот.
Буш беше претседател на САД од 2000 до 2008 година – во два мандата.