ЕК ја поздрави желбата на британскиот премиер Дејвид Камерон, Велика Британија да остане во Европската унија.
– Комисијата го поздравува фактот дека Камерон сака државата да остане во ЕУ, изјави Пиа Аренкилде-Хансен, портпарол на ЕК.
Таа додаде дека е во интерес на ЕУ и на Обедиентото кралство, Лондон да биде активен член на Унијата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази желба Велика Британија да остане во ЕУ.
– Претседателот на републиката сака Велика Британија да остане во Европската унија, изјави Нажат Вало-Белкасем, портпаролка на Оланд. Изјавите беа дадени по говорот на Камерон кој вети до 2017 година да биде организиран референдум за прашањето за британското членство во Унијата.