Кабинетот на Вељаноски потврди дека пратениците од НДП го прекинаа бојкотот на Собранието

Од:

Пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири-Креци од партијата Национална демократска преродба, официјално го прекинаа бојкотот и од денеска учествуваат во работата на Собранието на Република Македонија и неговите работните тела.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, за прекинувањето на бојкотот на пратениците Зеќири и Демири-Креци спикерот Трајко Вељаноски го известил претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски со цел постапување во член 1 од Законот за дополнување на Законот за пратениците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули