Судијката за која Груевски тврдеше дека ќе го ослободи Заев, нема да му суди на премиерот

Од:

Судијката Добрила Кацарска за која екс-премиерот Никола Груевски тврдеше дека ќе го ослободи премиерот Зоран Заев, повеќе не е член на судискиот совет. Ова следува откако Обвинителството го преквалификува делото за Заев.

Сега, поради помалата предвидена казна затвор, случајот го суди судија поединец, Дарко Тодоровски.

Адвокатот на Заев, Филип Медарски побара снимките набавени со посебни истражни мерки, да не бидат доказ, бидејќи како што рече за ова кривично дело Законот за кривична постапка не го предвидува тоа. Клучниот доказ повеќе нема да бидат посебните истражни мерки, туку изјавата на сведокот Иван Николов и другите материјални докази.

Адвокатот на Заев во завршните зборови рече дека сведокот потпишал три записници и дал три различнини искази кои се контрадикторни едни со други.

„Сведокот рече дека постапувал по инструкции на Обвинителството – ‘Како ќе ми наредеа, јас така правев’ “, го цитираше Медарски исказот на сведокот.

Тој дополни дека сведокот во МВР кога го пријавувал случајот се сретнал со Митко Чавков, директор на БЈБ, кого го знаел и претходно и тоа, како што рече, се сретнале неколку пати. Потсети на исказот на сведокот, во кој, тој потврдил дека против сведокот, Обвинителството води истрага.

Медарски потсети на изјавата на сведокот кој рече: ‘Јас го терав тоа да го каже’. Адвокатот додаде дека целта на предметот е за дискредитација на Заев и за негово оцрнување, со цел да не бидат објавени бомбите.

Претходно, обвинителството побара преквалификација на делото и пониска казна.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

ВИДЕО: За да не му напишат казна побарале да ги почасти, полицајци снимени како земаат поткуп

Катерина Ѓуровски

Приведен косовски државјанин – дал поткуп за Турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми

Анита Петровска Рајковиќ

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

A1on

Странци пријавиле двајца полицајци дека им барале поткуп – поведена е дисциплинска