Поповска: Промена на Уставот е неприфатливо барање!

Од:

„За мене, промена на Уставот е неприфатливо барање, кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување. Немам изворни информации, освен од грчките медиуми.

– Но не им верувам, зашто македонските преговарачи повеќе пати јасно кажаа дека барањето за промена на Уставот е неприфатливо и дека погрешно се употребува терминот ерга омнес.

– Тој во меѓународното право важи за меѓународен промет. А за тоа всушност и се водат преговорите. Не може само за Македонија „ексклузивно“ да се толкува терминот ерга омнес, спротивно на меѓународното право“, одговори Лилјана Поповска, претседателката на ДОМ, на новинарско прашање во однос на пишувањата на грчките медиуми дека се договара промена на уставното име на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он