ВМРО-ДПМНЕ: Заев и криминалниот картел се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претставуваат како свои

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на Зоран Заев.

„Добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што со тие проекти доцни, надевајќи се дека граѓаните ќе заборават дека тоа се проекти на претходната влада.

Зоран Заев и криминалниот картел во недостаток на идеи и проекти се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претставуваат како свои. Власта го одложува реализирањето на проектите цела година, за да ги претстави како свои.

Експресниот пат Градско – Прилеп е проект кој е целосно почнат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Средствата за истиот се обезбедени преку ИПА проект со помош на ЕУ, целата постапка, вклучително и распишување на јавен повик за избор на изведувач е изведен од влаадата на ВМРО-ДПМНЕ.

Картелот чекаше цела година од распишување на јавниот повик до изборот на понудувач, само за да може да го претстави проектот како свој.

Ова е еден од стотиците проекти, на ВМРО-ДПМНЕ, кој картелот ги присвојува како свои. Ни трага ни глас од ветените 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта. Неосновано се закочија и запреа со изградба по повеќе месеци автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, додека автопатот Демир Капија – Смоквица чекаше цела година да биде пуштен во употреба.

Картелот не знае да ја води државата. Република Македонија под власт на СДСМ од ден во ден се повеќе се уназадува. Во интерес на државата и граѓаните е оваа ненародна власт што побргу да си замине. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски