Собранието ќе ја продолжи 52. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи второто продолжение на 52 – та седница, на која ќе расправа по оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски на функцијата член на Комисијата за верификација на фактите.

На дневниот ред се повеќе Предлог-закони кои треба да бидат донесени по кратка постапка меѓу кои предлог-законите за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за јавните набавки, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, на Законот за државните службеници, како и на Законот за Владата на Република Македонија.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг и Предлог-законот за дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

На агендата се и предлог-законите за партиски истражувачко-аналитички центри и за дополнување на Законот за политичките партии, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули