ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева и судиите се безпоговорни извршители на политичките нарачки на Зоран Заев

Од:

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја зароби државата. Правосудниот систем е под целосна контрола на власта. Институциите наместо по закон, работат по диктат на картелот.

Зоран Заев се стави над правосудниот систем и најавува судски пресуди, иницирани преку својата продолжена рака за прогон СЈО, уште пред тие да бидат донесени. Ова е апсолутен доказ дека правосудството е под целосна контрола на картелот и игра по нотите на Зоран Заев.

Ова е втор пат како Заев најавува, а правосудните органи извршуваат. Заев уште во февруари 2016 година од партиски митинг на СДСМ најави дека СЈО ќе почне со истраги и притвори против неговите политички противници. СЈО испорача, а сега Заев најавува пресуди, уште пред да бидат завршени рочиштата.

Катица Јанева и судиите се безпоговорни извршители на политичките нарачки на Зоран Заев. Граѓаните деновиве видоа и колку чини едно политичко нарачано обвинение. Зоран Заев ја предложи сестрата на Катица Јанева, за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност.

Зоран Заев, кој е премиер на државата и кој според функција не смее да има допир со судскиот систем, го најавува идното делување на судот. Ова е преседан во европски рамки. Заев покажува дека Република Македонија нема независно судство, Заев докажа дека правосудниот систем е целосно зависен од него лично.

Правниот систем е деградиран. Правната држава урнисана. Не се почитуваат законите, нема правда за граѓаните. Оваа злоупотреба на институциите мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал