Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози.
Снежни врнежи има на Попова Шапка, Маврово и планинскиот превој Ѓавато, но поради слабиот интензитет не претставуваат препрека за тековно одвивање на сообраќајот. Коловозите на тие патни правци се со снежни остатоци кои остануваат по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонија Пат“.
Автомото сојузот препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.