А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Претставени резултатите од акцијата за собирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево

by А1он11/05/2018 - 13:40145
Share0

Елизабета Ристеска, координаторката на проектот за воведување на примарно селектирање и собирање на ПЕТ пластични шишиња во градското подрачје на Кичево, посочи дека се собрани 2.224 килограми ПЕТ отпадна амбалажа, со што се заштедени 4.226 литри сурова нафта и 5.560 килограми помалку емисија на СО2 во воздухот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Проектот, што траеше од први јануари минатата година до 30 април годинава, беше спроведен од страна на Здружението Центар за развој на заедницата во Кичево, со финансиска помош на Глобален еколошки фонд програма за мали грандови на Македонија.

Ристеска рече дека целта на проектот бил едукацијата и подигнување на свеста кај учениците, родителите, но и на сите граѓани на Кичево, колку е значајно од еколошки аспект да се собере, селектира и рециклира ПЕТ пластичниот отпад.

– Формиравме два тима од по двајца едукатори од мешан етнички состав, планиравме и успеавме да ги вклучиме сите пет училишта од градското подрачје. Од собраните и продадени 58.500 пластични шишиња е остварена финансиска корист од 16.600 ден од кои 70 отсто за училиштата а 30 проценти за Центарот за развој на заедницата во Кичево, наведе Ристеска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Овој проект ќе продолжи и натаму, но без финансиска подршка од фондот.

Новина е тоа што за проектот појавиле интерес да се вклучат и училиштата од руралните средини на Кичево, со што се покажува дека целта е остварена.

kicevo

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Горан Наумовски29/04/2026 - 09:55

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он21/02/2026 - 15:0921/02/2026 - 15:11

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 19:25

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:2115/02/2026 - 19:25

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто