А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнис моделот на Заеви е преку државни ресурси да се зголемува семејното богатство

by А1он11/05/2018 - 09:01134
Share0

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја киднапираа државата и наместо за државниот, работат за личниот и партискиот интерес.

Следете a1on на Instagram Instagram

Бизнис моделот на Заеви е преку државни ресурси да се зголемува семејното богатство. Самиот Зоран Заев призна дека како краен корисник на градежното земјиште што го продал се јавува брат му Вице Заев.

Зоран Заев како градоначалник го продава земјиштето на Сашко Брндевски, бизнис пајташ на Вице и Трајче Заеви, по цена од 700.000 евра. Брндевски го дели на осум парцели и една од нив продава на брат му на Зоран Заев, Вице.

Вице Заев за надомест од една гарсониера го купува градежното земјиште на која гради зграда од скоро 7.000м2 станбена површина.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сашко Брндевски наместо по пазарна цена, или учество во градба од 25%, како што вообичаено е случај, му го продава земјиштето за кое во процес на продажба на станови може да земе 1.100.000 евра за обична гарсониера.

Ова говори за однапред договорена работа.

Ова е скандалозно и пример како за багатела се прави милионско богатство.

Овој скандал покажува каков е односот на Заев кон државата. Заев на Република Македонија и нејзините ресурси гледа само како на средство за лично богатење. Ова неодговорно однесување мора да запре, државата не е лична своина на Заеви. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он05/10/2026 - 11:41

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео