Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни производи при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок на кој ќе расправа за актуелните состојби.
Посебен акцент ќе биде ставен на Одлуката на Владата за укинување на прелевманот и царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка.
На состанокот ќе присуствуваат членки на Групацијата кои се директно засегнати од новата владина Одлука за намалување на увозните давачки.