ВМРО-ДПМНЕ: Заев се обидува да политизира трагедии

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавите на премиерот Зоран Заев во врска со настаните од Диво Насеље.

„ВМРО-ДПМНЕ го предупредува Зоран Заев да не помисли да ги ослободува терористите од Диво Насеље. Обврските што ги има преземено Зоран Заев преку платформата потпишана во Тирана не може и не смеат да бидат никаков аргумент за да им се обезбедува алиби на терористите кои убија осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека нашите правосудни органи имаат капацитет да изречат праведна пресуда, доколку бидат ослободени од притисоците од криминалниот картел предводен од Зоран Заев и неговите индиректни закани кон нив дека нивното одлучување ќе одело на меѓународна експертиза.

Овој случај е јасен како ден. Ова е само нов обид на Зоран Заев да политизира трагедии исто како во случајот со убиените момчиња кај Смилковско Езеро. Ако во минатото ги манипулираше родителите на монструозно убиените деца, сега тоа сака да им го направи на родителите, сопругите, децата и роднините на херојски загинатите припадници на безбедносните сили во акцијата во Куманово пред 3 години“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ