Заев: Џезаир Шакири нема да добие сертификат за класифицирани информации

Од:

Советниците не добиваат сертификати за класифицирани или безбедносни информации, изјави премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали ваков сертификат ќе добие и советникот Џезаир Шакири.

– Ова лице има информации од целиот терен. Во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот овој терен на северната граница на Македонија и верувам дека може да помогне, рече Заев по завршувањето на денешното рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ во кој тој е обвинет.

Заев посочи дека за сите советници ангажманот е една година и оти за време на тие ангажмани ќе се покажат дали некој ќе даде резултати или не. Секако, како што додаде, доколку не дадат резултати јас ќе помогнам и на други места да работат.

Верувам, рече Заев, дека преку концептот „Едно општество за сите“ можам да придонесам во попуштање на тензијата во ова наше општество.

– Бошкоски и Шаќири беа од различна страна на нишаните. Сега работат за својата Република Македонија и ако вака гледаме на работите можеме сите да бидеме порастоварени и да знаеме дека шанси заслужува секој во државава, истакна Заев.

Конечната цел, како што додаде тој, е да направиме пријатно општество во кое ќе биде вредно да се живее.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски