Тахири: Оставките на 42 пратеници сигурно водат кон парламентарни избори

Од:

Политичката ситуација е комплицирана, но сепак фактот што Груевски прифати средба со лидерот на опозицијата, покажува дека тој, иако можеби не баш со многу волја, ќе биде приморан да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Инаку нема друг излез од ситуацијата“, вели за А1, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Сефер Тахири.

Според него, изборите кои би се одржале без опозицијата би биле тотално нелегитмни и би дале црна слика за демократијата во Македонија пред меѓународната заедница, пред која имиџот на земјата и така не е баш најдобар.

„Секако дека Груевски ќе калкулира уште малку, но на крај кога ќе процени дека нема бегање од изборите, ќе ги прифати, бидејќи на тој начин може да потврди дека после сите случувања ја има довербата на граѓаните, па изборите би биле тест за довербата, негова и на неговата партија и коалиција. Секоја друга варијанта за опозицијата за учество само на локалните избори, без парламентарни, би било легитимирање на политичкиот режим на Груевски, кој се нарекува токму од опозицијата како диктатура. Инаку како краен иструмент опозицијата ќе ја преиспита и одлуката за оставки на 42 пратеници, со што на легален и легитимен начин би се создала парламентарна криза, која би водела кон нови парламентарни избори“, изјави за А1, Тахири.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он