Скопски цветен фестивал 2018

Од:

Петтиот Скопски цветен фестивал кој е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило ќе се одржи на 12 и 13 мај 2018 (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО“.

Фестивалот ќе започне на 12 мај со цветно дефиле од фонтаната Лотосов цвет во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и основните училишта, облечени ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО, кои ќе се движат низ 5 различни патеки во паркот, а дефилето ќе го пратат повеќе од 200 велосипедисти.

По свеченото отварање следуваат настапи на повеќе музички и драмски изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси,

Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 37 изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од област на екологија.

Манифестацијата ќе биде отворена до 18 часот во недела 13 мај

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот