Македонската армија заедно сo Лаос и Брегот на слоновата коска помеѓу најслабите во светот

Од:

Според аналитичкиот сајт за рангирање на воените сили, Фајрпауер, Република Македонија и покрај реформите диктирани од страна на НАТО се уште ја има една од најслабите армии во светот. На оваа ранкинг листа, армијата на Македонија се најде на 118 место од вкупно 136 земји, помеѓу армиите на Лаос и Брегот на слоновата коска.

Според сајтот, најслабо рангирана армија на Балканот е онаа на Босна и Херцеговина која се најде на 124 место, а три места подолу, односно на 121 место следува армијата на Црна Гора.

Како најголема воена сила од земјите на поранешна Југославија, Фајрпауер ја постави хрватската армија која го зазема 72 место, а по неа на 78 место се најде српската армија.

Како најсилна армија на Балканот, Фајрпауер ja рангирашe армијата на Грција која е на 28 место, додека пак 32 места подолу, на 60 место се најде бугарската воена сила.

Според сајтот најмоќна воена сила во светот е армијата на САД, а веднаш по неа следуваат армиите на Русија, Кина, Индија и Франција, додека пак најслабата армијата во светот ја поседува азиската земја Бутан.

Рангирањето на армиите се заснова на 55 индивидуални фактори со кои се утврдува индексот на моќ меѓу кои се вооруженоста, стратегиската моќ, географската поставеност и локалното влијание на индустријата.

Со доаѓање на новата власт, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска најави суштински реформи во Армијата на Република Македонија, од зголемување на платите за 10 отсто до нови чевли и опрема за војниците. Исто така, по упатство на НАТО, Владата на РМ со цел исполнување на условите за побрзо интегрирање во алијансата одлучи финансирањето на армијата да го зголеми на 2 отсто од БДП.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски