По повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот вечер во 19:30 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи камерен концерт насловен „Амбасада на мајсторство“.
Ќе настапат Ана Грот на пијано и Полина Борисова, виолина од Русија. Концертот е во соработка со Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија и Санкпетербуршкиот дом на музиката, а во рамки на одбележувањето на Денот на победата 9 мај.
Ана Грот и Полина Борисова ќе изведат дела од класичната музика.