ВМРО-ДПМНЕ: Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешните изјави на премиерот Зоран Заев.

„Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзална сала! Сигурно и двајцата си се смеат кога отпосле ги слушаат лагите со кои срамно се потценува интелигенцијата на граѓаните.

Целата јавност во Република Македонија виде како Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра. Заев е единствениот човек во Европа кој е премиер a за него постои јасен доказ дека ја злоупотребува функцијата барајќи поткуп.

Граѓаните имаа можност да го слушнат и оштетениот бизнисмен кој и пред судот опиша како Заев му бара евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Со тоа македонската јавност се увери за каков корумпиран човек станува збор.

Зоран Заев со државата се однесува како да е негов сопствен картел. Ги зароби судството и институциите и за да се спаси себе си, ги користи за да врши политички прогон на неистомисленици.

Додека рочиштата на Заев траат со месеци и се одложуваат со нелогични изговори, рочиштата против неговите политички неистомисленици експресно се процесуираат. Заради притисоците на власта, правдата не важи за сите подеднакво.

Зоран Заев нема кредибилитет да биде Премиер на Република Македонија. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите на картелот на власт и случајот со поткупот да го истераат до крај.

Законите мора да важат подеднакво за сите, а Република Македонија да стане држава по која владеењето на правото ќе биде единствениот принцип по кој ќе се водат институциите“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски