Стоилковски: Доделување на безбедносен сертификат на Хоџа е кривично дело

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека Заев ја посрамотил државата и македонскиот народ.

– По два дена криење, Зоран Заев призна дека како надворешен соработник за безбедност и борбата против радикализмот си ангажирал човек од црната листа на САД оставен таму токму заради неговото терористичко делување и ризикот кој што тој го претставува по безбедноста. Зоран Заев му дава висока функција во Владата и месечно ќе му плаќа 36.000 денари на Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа, лице барано од странски држави со меѓународни потерници. Ова е големо понижување и за граѓаните и за државата но и за полициските службеници кои ги имаат загубено животите во борбата против ваквите екстремисти. Единствена референца на пријателот на Заев, Командантот Хоџа, е тоа што тој склучил политички договор со првиот човек на СДСМ да му го ослободи Танушевци, а за возврат на тоа да добие висока политичка функција во владата, рече Стоилковски.

Тој запраша кој го држел Танушевци заробено и каде се оружјето и лицата кои биле подготвени да се спротивстават на македонската полиција.

– Каква порака испраќа Заев до сите идни криминалци и насилници кои планираат да се закануваат и уценуваат? Владата не е приватна сопственост на Зоран Заев и криминалниот картел околу него. Договорот на Командант Хоџа мора да биде раскинат, а институциите мора да покажат храброст и волја да ги бранат интересите на државата. По признанието на Шаќири, мора да следи сериозна истрага и да се утврди кој се’ му помагал во заканите и со какво оружје се заканувал? Луѓето кои се закана по територијалниот интегритет и суверенитет на државата мора да се најдат зад решетки. Лицата кои се закана по безбедноста на граѓаните не смее да бидат дел од владата. Дали е Заев сериозен во намерите да му се издаде безбедносен сертификат од највисок степен „Државна тајна“ на лице за кое кружеа информации дека било вмешано во убиство на полициски службеник? Дали е Заев сериозен во намерите со својот советник за безбедност да ги споделува највисоките безбедносни тајни на државата?, запраша Стоилковски.

Тој рече дека издавањето на безбедносен сертификат на Командант Хоџа, надвор од процедурите е кривично дело.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ