ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДСМ го овозможи отворањето на вториот погон на фирмата „Антура“, оваа фирма веќе имаше лошо искуство со Заев

Од:

„Добро е што СДСМ го овозможи отворањето на вториот погон на фирмата Антура во Кочани, бидејќи оваа фирма веќе имаше лошо искуство со Зоран Заев како градоначалник на општина Струмица, кога наместо земјиште за производствен погон им продаваше земјиште за катна гаража.

Во недостаток на идеи и неспособност да донесат странски инвестиции Владата на Заев, Анѓушев и СДСМ повторно се кити со туѓи перја. Инвестицијата на холандската фирма Антура која тие денес ја презентираат како своја, отпочна да работи со првиот погон уште пред три години, после подолг период на преговори за нивно доаѓање во Република Македонија. Впрочем тие уште од тогаш најавија дека планираат да го прошират своето работење во нашата земја и да отворат дополнителни вработувања.

Се надеваме дека ако не може СДСМ да донесе нови странски инвестиции, барем ќе ги задржи постојните кои што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Кочо Анѓушев.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски