Селските водоводи од кичевскиот регион бактериолошки загадени

Од:

По направените анализи од страна на Центарот за јавно здравје, хигиена и здравствена екологија – Кичево констатирано е дека водата за пиење од селските водоснабдителни објекти не одговара на Правилникот за безбедност на водата во однос на испитаните параметри, извести Центарот за управување со кризи.

Испитани се примероци на водата од селските водоводи во Шутово, Стрелци, Премка, Србица, Туин, Јагол, Јагол Доленци, Поповјани, Осломеј, Кнежино, Кнежино – Манастир „Св. Ѓоргија“.

Од Центарот за јавно здравје во Кичево предупредуваат дека водата не смее да се користи како вода за пиење до добивање на исправен примерок. Потребно е воведување на перманетна дезинфекција на водата или по можност повремена. Дотогаш водата пред користење треба да се преврива, се посочува во соопштението од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка