„Реквием“ на Моцарт повторно во Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија вечер, по подолго време, повторно ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика.

Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност подготвен од маестро Сашо Татарчевски и од солистите Ким Лилијан – Стребел – сопран од Швајцарија, Мартин Ванберг – тенор од Шведска, Николина Јаневска – мецо-сопран и Владимир Саздовски – бас

На концертот се уште две импресивни дела, „Моц-арт ала Хајдн“ од Алфред Шнитке, на кое како солисти ќе се претстават виолинистите Владимир Костов и Владимир Крстев, како и Масонска погребна музика од Моцарт.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска