Од октомври месец до вчера во Центарот за јавно здравје во Кавадарци биле евидентирани 46 случаи на заболени од грип, од кои само минатата седмица 17 случаи, информира денеска раководителот на Центарот д-р епидемиолог Ристе Јовановски.
Тој посочи оти бројот на грипозни бил двојно помал од истиот период лани.
– Се надевам дека оваа бројка нема да расте. Никој не може да претпостави дали ќе има зголемување на случаите со грип со оглед на тоа што почна второто полугодие од учебната година. Но, праксата покажува дека грипот во училиштата значително се шири, вели д-р Јовановски.
Оваа сезона во Кавадарци ираа над 610 лица аплицираа вакцина против грип, наспроти минатата сезона кога се вакцинираа 550 лица.