Усвоен предлог-законот за измени и дополнување на Законот за лекови и медицински отпад, во прво читање

Од:

Собранието вечерва го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински отпад, во прво читање, со кои, според ресорниот министер Венко Филипче, ќе се обезбедат квалитетни лекови за граѓаните преку паралелен увоз.

Според Предлогот, за да добие одобрение за паралелен увоз одредена веледрогерија или здравствена установа до Агенцијата за лекови и медицински средства најпрвин мора да достави сертификат од анализа на квалитет на лекот од производителот кој ќе биде предмет на паралелен увоз, како и сертификат од анализа на квалитетот на лекот од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител на лекот или на земјата извозник на лекот.

– Сертификатот за квалитет на лекови кои се увезуваат преку паралелен увоз досега не беше задолжителен со закон, а како последица на тоа Министерството за здравтво има приговори од здравствени работници и здруженија на граѓани во кои се наведува дека дел од лековите од паралелен увоз не се ефикасни, рече министерот за здравство Филипче.

Наспроти пратениците од владејачкото мнозинство кои оценија дека законските измени ја заоструваат постапката за паралелен увоз на лекови во интерес на квалитетот, опозицијата обвини дека со тоа ќе поскапат лековите.

– Зголемениот надзор врз работата на Агенцијата за лекови и медицински средства и следењето на патот на лекот од производителот до купувачот се доволни контролни механизми за паралелен увоз на квалитетни лекови, рече Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ.

На попладневното продолжение на 45. седница, беа усвоени и законите за измени и дополнувања на законите за ревизија, за хартии од вредност, за Кредитно биро, за технолошки индустриски и развојни зони, Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Бугарија за соработка во случај на катастрофа. Поддршка добија и Предлог законот за енергетика, во прво читање, како и Предлог измените на Законот за вработување инвалидни лица, исто така во прво читање.

Продолжението на 45. седница ќе биде дополнително најавено, информира претседателот на Собранието Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата