(ВИДЕО) Граѓаните на Аеродром бараат стопирање на градбите и прекин на сечата на зеленилото

Од:

Нова сеча во општина Аеродром ги вознемири жителите, кои велат дека повеќе не веруваат во градоначалникот Марин. Поради изградба на нови објекти, во општината се уништува зеленилото, што е спротивно на ветувањата на новиот градоначалник Златко Марин, кој тврдеше дека Аеродром ќе има нова парк-шума, чист воздух и ќе стави крај на градежната мафија.

„Направивме вистинска граѓанска програма, во неа нудиме конкретни решенија за борба против загадувањето, мерки за контролирање на градежниот и сообраќајниот метеж, ќе направиме ревизија на постојните ДУП-ови, ќе спроведеме гасификација до јавните објекти и топлификација до индивидуалните домувања, ќе овозможиме субвенции за еколошки огрев и ќе посадиме вистинска парк-шума“, ветуваше Марин пред изборите.

Наспроти сето ова, се случува сосема спротивното. Градежниот хаос продолжува, а граѓаните излегуваат на протести и бараат итно стопирање на градбите. Жителите тврдат дека Марин не е заинтересиран за ништо. Ветеното ревидирање на ДУП-овите остана само предизборно ветување. Граѓаните на општината се категорични дека Марин ги довршува проектите на својот претходник Коневски, а уништувањето на зеленилото и новите градби е еколошка катастрофа што тој ја поддржува.

„Ова е ужас, првин не може да се гради, па ќе се гради. Стариот градоначалник направи некои документи, овој ги доврши. Не го интересира ништо. Кога и да се јавиме на ‘Фејсбук’ да го прашаме што и како се случува, тој вели дека не го интересира и дека е приватен имот. Ова е ужас. Немам очекувања, сето ова е голема лага. Апсолутно не верувам во новиот градоначалник. Овој простор плачеше за паркче, за детско игралиште. Нека има и објект, ама овој е ужасно голем, се зборува дека ќе има 270 стана. Овој дел требаше да се уреди на сосема друг начин, но што е тоа е“, вели жител на општина Аеродром.

„Би требало да ги стопира градбите, но јас не верувам во никого. Најголемата штета е што е пренатрупано со градби, нема воздух. Најпотребно е зеленило“, додава жителка на општината.

„Мислам дека треба да се стопираат сите градби, дека градоначалникот ќе ги стопира. Човекот е нов, не го познаваме доволно, но гласот го дадовме за него. Лично јас. Првпат на овие избори го дадов гласот за оваа партија. Јас мислам дека тоа што ни го ветил не би требало да го излаже. Наредниот пат нема молење“, вели друг граѓанин.

„Многу е густо населено. Не знам што мислат општинарите и зошто градат толку густо. Не верувам дека Марин ќе стави крај на оваа градежна експанзија“, вели граѓанин на оваа општина.

Првиот човек на Аеродром, Златко Марин, додека беше во опозиција, го обвинуваше ексградоначалникот Коневски дека ја игнорира волјата на граѓаните, а сега тоа и нему му го порачуваат жителите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски