Германски биолози ги разгледуваа можностите за рурален туризам во Тиквешко

Од:

Двајца германски истражувачи-биолози изминативе неколку дена ги разгледуваа ресурсите и можностите за рурален туризам во Тиквешко, со посебен акцент на биодиверзитетот. Во придружба на еден туристички водич од Република Србија и Горан Трајковски, стручен соработник од Земјоделскиот факултет од Скопје, тие се сретнаа со претставници на здруженијата на граѓани, а спроведуваа и теренски активности.

Како што денеска информира Цветанка Колева од Здружението на производители на органска храна “Биовита” од Кавадарци, германските биолози прво биле во неготинско.

– Претседателот на невладината организација “Ековита” од Неготино, Сашко Тодоров ги запозна гостите со флората и фауната на македонската степа што се наоѓа во околината на овој град, како и со можноста за искористување на традиционалното производство на вино и ракија во функција на агротуризмот, соопшти Колева.

Таа додаде дека со членови на нивното здружение, истражувачите ја посетија висорамнината Витачево. Таму разговараа за нивните ресурси и можноста за рурален туризам на овој простор, не пропуштајќи прилика да го фотографираат секој интересен миг, цвеќе, животно.

Германските биолози имаа средба и со Томе Лисичанец, претседател на кавадаречкото Здружение за заштита на природата “Аквила”.

– Реализирана беше планинарска тура, со набљудување на сите достапни гнезда на орли кон рудникот Алшар. Гостите кои преноќија во Моклиште и неготинскиот манастир “Свети Ѓорѓи”, беа видно воодушевени и нивниот впечаток беше дека виделе, чуле, искусиле многу повеќе од нивните очекувања за Тиквешијата, појасни Колева.

По оваа средба, што е своевидна претходница, се очекува и други туристи биолози да ја посетат Тиквешијата.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ