Поради обилните врнежи од дожд и снег и високите температури последните денови на Хрватска и се закануваат поплави поради што во одредени подрачја прогласени се вондредни мерки.
Нивото на водата во реката Купа од утрово порасна за околу 600 сантиметри, а се очекува до полноќ да изнесува 771 сантиметри.
Вондредни мерки поради опасност од поплави прогласени се во Карловец, каде нивото на Купа изнесува 830 сантиметри.
Поплави се можни и во Госпиќ и во Сисак.