ЈП„Комуналец“ од Гевгелија доби 124.000 евра за опремување на современа лабораторија

Од:

Преку одобрениот проект за одржливо управување со водните ресури во прекуграничниот регион, кој општина Гевгелија од 2 април почна да го спроведува во рамки на ИПА програмата со грчките партнери од Солун, Пеонија и Халкидона, јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија од доделениот грант од половина милион евра, доби околу 124.000 евра за опремување на современа лабораторија.

– Со доделените средства ќе набавиме најсовремени уреди за опремување на лабораторија во која ќе го мериме квалитетот на водата. За таа цел предвидено е да купиме он-лајн анализатор за 24 часовно следење и мерење на хемиските параметри, како и уште еден он-лајн анализатор за следење на квалитетот на другите води, велат од комуналното претпријатие кое е партнер на општина Гевгелија во реализацијата на проектот.

Останатите средства општина Гевгелија ќе ги искорити за средување на коритото на Сува река и тоа во нејзиниот најкритичен дел во должина од 600 метри.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он