Дали Владанка од партијата на Ѕинго ќе ја спасува власта?

Од:

Социјалистичката партија на Македонија и го сврте грбот на својот долгогодишен коалиционен партнер, ВМРО-ДПМНЕ откако денеска пратениците од оваа партија, Владанка Авировиќ и Љупчо Димовски му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум за одржување денешната 45 седница.

Откако пратениците од опозицијата увидоа дека владејачкото мнозинство нема да обезбеди кворум за седницата, тие ја напуштија салата на Собранието, но пратеникот Димовски одби да го стори тоа додека пак пратеничката Авировиќ првично излезе од пленарната сала заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но потоа се врати со што го обезбеди потребниот кворум од 61 пратеник за отпочнување на седницата.

Дали со ова на повидок е приклучување на Социјалистичката партија на Македонија кон владејачкото мнозинство во рамките реконструкцијата на Владата која ја најави премиерот Зоран Заев.

Ова е втор чин на пратениците од СПМ со кој индиректно ги искажуваат симпатиите кон владејачкото мнозинство, Авировиќ и Димовски исто така не ја потпишаа интерпелацијата на Влада која пред неполн месец се најде во Собранието на РМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари